Во институтот за судска медицина завршени се анализите на ДНК материјалот од загинатите бугарски државјани во авионската несреќа кај Солунска Глава. Како што информираше министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, се очекува наскоро телата на четиричленото семејство да се пренесат во Бугарија.
Во меѓувреме, формирана е Комисија за истражување на несреќата во која покрај претставници на македонскиот Комитет за истраги на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти, КИВНСИ ќе бидат ангажирани и надворешни експерти, а ќе се приклучат и давјца бугарски истражители.
– Истрагата ја спроведува независната Комисија за авионски несреќи и сериозни инциденти и сите насоки ги даваат тие и во однос на подигањето на остатоците од авионот. МВР е подготвена и во овие услови тоа да го изведе, меѓутоа чекаме наредба од оваа институција, изјави Спасовски.
Остатоците од леталото „Цесна 210 н“ остануваат на местото на несреќата сѐ додека временските услови не дозволат нивен транспорт од планинскиот врв висок околу 2.200 метри.