Заврши најголемата манифестација “ICARUS” организирана од Државниот архив

Сподели

 

Со посетата на Охрид и на неговите значајни историски знаменитости, заврши тридневната 31-ва Конвенција на ICARUS, (Меѓународна организација за архивско истражување со седиште во Виена), која што се одржува двапати годишно и чијшто слоган беше “Common Archival Heritage – preservation, accessibility, digitisation”.
 
“Ова е досега најголема манифестација од областа на архивистиката што се одржа во Скопје и во Охрид, чиј што домаќин и организатор сме ние – Државниот архив, на која учествуваа околу 70 експерти од над 20 европски земји и САД.
 
Голема е придобивката да се слушнат европските искуства и достигнувања во оваа област и да се воспостават цврсти професионални и пријателски односи со колегите-учесници.
 
Заеднички именител на сите панел-дискусии е дека Архивите се мошне значајни, не само за националните истории, туку за светската историја и затоа треба многу повеќе внимание да и се посветува на оваа дејност” – изјави директорот на Државниот архив, д-р Емил Крстески.