Заврши распитот на Јанева во Обвинителството по четири часа

Сподели

 

Катица Јанева во обвинителството на организиран криминал и корупција помина на распит повеќе од четири часа.

Јанева изјави дека засега е повикана во својство на сведок и не даде конкретен одговор дали очекува да биде една од осомничените во овој предмет.

На новинарското прашање дали се чувствува виновна, таа изјави: Не!

На прашањето зошто кај обвинителката Русковска на распит влегла со адвокат, таа изјави дека има право и како сведок со себе да носи правен консултант.

На новинарското прашањето дали знае кај завршиле парите, Јанева одговори: Да.

-“Ова е истрага и во истрага не се споделуваат информации. Ќе има најверојатно судење и таму ќе се кажат работите. Два мои телефони што сум ги користела се на анализа во обвинителство. Дали истрагата ќе се води и против мене – не знам. Не знам дали во случајот има инволвиран и политичар, беа одговорите на бројните прашања на новинарите по излегувањето од распитот” – изјави Катица Јанева по сослушувањето  во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.