Здраво Млади,
Пред нас е седмото издание на фестивалот на нова музика „Здраво Млади!“. Дружење закажуваме за 10 јуни (сабота) во, пред и околу омиленото ни свратилиште – МКЦ Скопје.
Нема да криеме дека сме ужасно возбудени и среќни дека оваа година носител (т.н. headliner) на фестивалот се англиските повратници – SLOWDIVE!
Формирани во 1989 година, во мирување од 1995 година, реофоремени во 2014, по речиси 20 години, откако ја отсвиреа својата повратничка турнеја по сите релевантни фестивали низ планетава, се враќаат со нова плоча, насловена едноставно SLOWDIVE, а датумот на издавање е 5 мај, за издавачката куќа DEAD OCEANS. Еден месец по издавањето на албумот ете ги и Slowdive(band) на кеј Димитар Влахов, помеѓу МАНУ и МТВ, во МКЦ.
Сакаме да напоменеме дека Скопје е единствен град во регионот што ова лето ќе ја има честа да ги пречека SLOWDIVE.
Но, ова е само почеток, на Здраво Млади пристигнува и еден од малкутемина вистински чувари на garage/psychodelic/soul звукот, уникатниот KING KHAN заедно со неговиот осумчлен бенд THE SHRINES. King Khan And The Shrines на Здраво Млади. Доколку сте фанови на all girl сензацијата Savages, сигурно сте запознаени дека басистката Ayse Hassan го формираше дуото Kite Base, заедно со Kendra Frost.
Со нов албум насловен „What Kind Of Dystopian Hellhole Is This?“ по отсвирен прв дел од европската промотивна турнеја, на Здраво Млади пристига и манчестерската dark cinematic psychedelia / post-punk сензација The Underground Youth.
Финските чудаци K-X-P својот звук го опишуваат како – оригинален, електронски, Motorhead, Space, транс, спиритуален, рок, медитациски, фри-џез. Додека Pitchfork, Mojo и Clash Magazine тврдат дека звукот содржи силен Krautrock елемент. Ќе ги видиме во живо на Здраво Млади!
И тоа не е сѐ.
Од оваа година внесуваме и нова пракса на Здраво Млади, а тоа е програмата на една од бините да биде селектирана/курирана од страна на селектор на фестивал од регионот и пошироко или некој артист/бенд.
За сефте, го избравме фестивалот во мирување Dis-Patch од Белград, фестивал што своевремено беше големо влијание на нашиот тим. Реља Бобиќ, идејниот творец на Dis-Patch за публиката на Здраво Млади вели:
„На некој начин одбележуваме 15 години од придвижувањето и 5 години од гасењето на фестивалот (кој имаше своја верна публика во Скопје и Македонија), а во програмата ќе бидат вклучени некои од „старите сопатници“ на белградската сцена, нови проекти, како и истакнатиот електронски live-состав од Германија – KREIDLER.”
7-часовно музичко патување на Dis-Patch бината со Kreidler, TAPAN [live], DEMEK[live], Wo0 [live], 33.10.3402[live] и Moodswinger intermezzo DJ.
Ова е наша прва објава, имаме и дополнителни изненадувања, засега ве известуваме дека билетите веќе можете да ги набавите преку продажната мрежа на MkTickets и преку продажната мрежа на Купи Карти За Се, како и на Билетарница МКЦ. Бројот на билети пуштен во продажба е строго ограничен!
Цена на билети:
до 30.4. – 400 денари
1.5. – 9.6. – 600 денари
на 10.6. – 800 денари
www.zdravomladi.com [soon]
https://www.facebook.com/
https://twitter.com/