На денешното рочиште за обидот за убиство на Зијадин Села сведочеше и пратеникот Зеќири.
Посочувајќи на обвинетиот Александар Јаневски, Зеќири изјави дека видел лице со црн елек и очила како го повлекува Села од групата пратеници, по што во нападот се придружиле уште две лица.
„Некои од пратениците, поради ударите со тврди предмети, беа крвави. Меѓу нив беше пратеникот Села. Не можев да видам кој го удри Села. Видов како лице со црн елек и црни очила на главата го повлече Села и го изнесе надвор. Тоа лице е тука. Лице со црна фантомка помагаше и тоа беше едно од најнасилните. Лицата што го вадеа Села надвор не беа заштитнички настроени кон него“, рече Зеќири.