Земјотрес со јачина од 7,1 степени во Перу

Сподели

Земјотрес со јачина од 7,1 степени денес го погоди Перу.

Американскиот центар за геолошки истражувања соопшти дека епицентарот на земјотресот бил 42 километри југозападно од Акари, на длабочина од 12 километри.

Издадено е предупредување за опасност од цунами, а не е познато дали има настрадани и дали е причинета материјална штета при земјотресот.