ЗЕМЈОТРЕСИТЕ ВО СКОПЈЕ ГИ ВОЗНЕМИРИЈА ГРАЃАНИТЕ

Сподели

 

images

Силен земјотрес со јачина од 5,3 степен според Рихтеровата скала попладнево го потресе Скопје и околината. Граѓани возменирени излегоа на улиците, а има и извештаи за напукнати ѕидови и помали штети.

Ова е трет земјотрес, но значитечно посилен од двата кои се случија утрово – првиот во 6.58 часот со јачина од 3,9 степени по Рихтеровата скала, а вториот една минута потоа, со јачина од 2,8 степени.

Експертите велат дека серијата земјотреси не е поврзана со неодамнешните поплави.

Според неофицијалните информации, епицентарот на земјотресите бил на неколку километри источно од Скопје.

Во 16.47 часот по локално време, повторно силен земјотрес што уште повеќе ги вознемири граѓаните.