Францускиот Институт „Жак Делор“, именуван по еден од архитектите на единствената европска валута, даде многу остро предупредување: “Еврото веројатно нема да ја преживее следна голема криза и итно треба да се промени монетарната унија за да се избегне неизбежен колапс.”
Авторите на извештајот, група академици, експерти и поранешните политичари од Европа, се свесни на пречките за јакнење на интегративните трендови во разнишаната ЕУ по Брегзитот и се погласниот подем на евроскептицизмот, но истакнуваат дека политиката не може да си дозволи отежнување.