Европскиот амбасадор Семјел Жбогар очекува политичките лидери и парламентот да најдат решение за идното функционирање на СЈО. Европскиот дипломат оваа порака ја упати од МНР на панел дискусијата за националните перспективи на крај од романското и почетокот на финското претседателство..
Клучните области во кои Брисел сака да види напредок до есен ако сакаме зелено светло за старт на преговори во октомври се реформи во судството, владеење на правото, борба со криминалот и корупцијата, рече евроамбасадорот во земјава Самуел Жбогар и порача дека нема ние да влеземе во ЕУ, туку треба да ја примиме Унијата во нашиот дом.
-Решението за датум треба допрва да се случи, но земјава веќе го почна патот кон ЕУ со објаснувачкиот скрининг, а тоа ќе го скрати времето кога ќе почнат преговорите за членство. Неопходно е да продолжите со испорачувањето на реформи, а најклучни се владеењето на правото и борбата против корупцијата, оцени евроамбасадорот.
-Европската комисија има стратегија за Западниот Балкан, но не е доволно само тоа, туку политичките лидери треба да ги убедат и земјите членки на ЕУ дека заслужуватме датум, а не смеат да ги приватизираат и со тоа да ги кочат процесите бидејќи станува збор за државата – изјави Жбогар и изрази поддршка за Јавното обвинителство за нивните неодамнешни одлучувачки чекори.
-“Од ваша страна вие треба да продолжите да испорачувате реформи, заедно со граѓаните кои сакаат да видат промени во судството, во владеење на правата и борбата со корупцијата”, изјави тој.
-“Имаше одлучувачки чекори од страна на јавното обвинителство неодамна. Ние ги подржуваме нивните активности и истовремено подеднакво го очекуваме решението за функционирање на канцеларијата на Специјалното јавно обвинителство во иднина. Со вчерашната оставка на Јанева се стави дополнителен притисок и одговорност врз политичките лидери и врз парламентот да најдат решение”, рече евроамбасадорот Жбогар.