ЖЕД е втор долгометражен игран филм во продукција на Филмско студио – Скопје и дистрибутерската куќа „Македонија филм“.
Еден од најугледните филмски критичари во светот, Роналд Холовеј, во специјалното издание на Кинотеката на Македонија на англиски јазик „Kino – Macedonian film“, за ЖЕД оценува дека се работи за „пофален одговор“ на македонската кинематографија на интернационалниот успех на југословенскиот „црн бран“…
Проекцијата во КИНОТЕКА, е во чест на неодамна почината актерка и доајен на македонското глумиште, Снежана Стамеска, која ја игра една од главните улоги.