Железничка несреќа во Грција, загинати 32 и повредени 85 лица

Сподели

 

Железничка несреќа се случи пред полноќ во близина на месноста Темпи кај грчкиот град Лариса, а според грчките медиуми има повредени патници.

Според првичните информации во медиумите во Грција, патнички воз се судрил со товарен, неколку вагони излетале од шините, по што избил и пожар. Двата воза се судриле нешто пред полноќ, кога патнички воз со околу 350 патници сообраќал од Атина кон Солун, а во спротивен правец сообраќал товарен воз.

Според последните податоци, најмалку 32 лица загинаа, а 85 се повредени во сударот на брз патнички и товарен воз во близина на градот Лариса. Возот сообраќал на линијата Атина-Солун, а причината за несреќата засега не е позната.

Од Противпожарната служба на Грција со 40 пожарникари и 17 возила интервенираа за гаснење на пожарот и спасување на патниците, а околу 30 возила на брза помош на местото на несреќата пристигнаа од околните градови.