По повод Деновите на занаетчиство денеска во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски ќе биде отворена изложбата „Жени во занаетчиство“, чијшто покровител е сопругата на шефот на државата Елизабета Ѓоргиевска.
Изложбата ќе се отвори во 16:30 часот.
На отворањето свои обраќања ќе имаат сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска, министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска, амбасадорката на САД во Република Северна Македонија, Кејт Мери Брнз, извршната директорка на Центарот за управување со промени, Неда Малеска Сачмароска и директорката на Занаетчиската Комора, Скопје, Анета Атанасовска.
За потсетување, во однос на вреднувањето на работата на жените занаетчии и жените претприемачки, минатиот месец, првата дама во Скопје и Тетово оствари средби со жени претприемачки кои го негуваат и пренесуваат културното наследство преку изработка на уникатни ракотворби на традиционални македонски и албански народни носии.