Жените во Македонија земаат 18% помали плати од мажите за истата работа

Сподели

Жените во Македонија, за иста работа и исти квалификации со мажите, се за околу 18% помалку платени од нив, а со околу 25%, и помалку учестуваат на пазарот на труд од мажите, истакнаа учесниците на тркалезната маса посветена на „Стратегијата за воведување родово одговорно буџетирање – 5 години потоа”.

„Единствен начин да покажеме дека нашата заложба за родова еднаквост е вистинска, а не декларативна, е буџетите да станат родово одговорни“ – изјави министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.

Стратегијата за родово одговорно буџетирање е донесена пред пет години, но државата не ги унапредила буџетите во насока на обезбедување на еднакви можности за жените и за мажите. Според Царовска, мора да има системска поддршка од страна на сите засегнати страни, институции, меѓународни и граѓански организации за унапредување на родовата еднаквост во нашата држава.

Советникот во Министерството за финансии, Бранимир Јовановиќ смета дека проблем е тоа што буџетските корисници немаат капацитети да изготвуваат политики сензитивни кон родовите прашања, но и што самиот буџетски процес не е соодтветен или отворен за родово буџетирање