Жерновски на Конференција во Женева, на покана на МНР на Германија и Франција, Мас и Ле Дриан

Сподели

 

На 43-та Сесија на Советот за човекови права, која се одржува во седиштето на ОН во Женева, заменикот министер за надворешни работи, Андреј Жерновски, на покана на министрите за надворешни работи на Германија и Франција, Мас и Ле Дриан, денеска учествуваше на конференција посветена на промоцијата на меѓународното хуманитарно право и справување со неказнивоста.
Во присуство на високи претставници на министерско ниво, Жерновски ги реафирмираше заложбите на Република Северна Македонија за почитување, промоција и заштита на човековите права и слободи, како и за почитување на меѓународното хуманитарно право. Тој укажа дека Повикот за акција, имплементацијата на меѓународните норми на национално ниво, јакнењето на взаемната мултилатерална и билатерална соработка ќе придонесат за санкционирање на неказнивоста за секое кршење или повреда на меѓународното хуманитарно право.
Во дискусиите за време и по настанот, учесниците се осврнаа на широк спектар на теми од стратешко значење за Регионот и самата ЕУ. Беа разменети мислења околу заедничкиот влог и изгледите за скоро постигнување на консензус меѓу земјите членки на ЕУ за новата методологија за пристапни преговори, како и за усвојување одлука за почеток на преговори со Северна Македонија.