Андреј Жерновски, реши да се кандидира како независен кандидат и да не ја чека одлуката на СДСМ која може да биде и во корист на неговата кандидатура.
Жерновски ги собра неопходните потписи од жителите на Центар и влегува во трката за градоначалник на оваа скопска општина.
Според последните анкети на јавното мислење, Жерновски има поддршка од повеќе од 50 отсто од избирачите и неговиот рејтинг е повеќе од двојно повисок од рејтинзите на потенцијалните противкандидати.