„Животот на црните е вреден“: Лекција по расизам на 9-годишно девојче во САД

Сподели

thumbs_b_c_8c26667be7f98b6bd0ddb1b42b435d2a

ЊУЈОРК (АА) – Деветгодишната Зиана Олифант со своите потресни зборови го привлече вниманието на САД и на целот свет говорејќи за полициското насилство и расизмот во градското Собрание, по убиството на Афроамериканец во сојузната држава Каролина, во градот Шарлот, од страна на полицаец, јавува Anadolu Agency. (AA).

Малата Олифант одржа емоционален говор против расизмот во градското собрание во Шарлот, откако Афроамериканецот Кеит Ламонт Скот, беше застрелан од полицаец.

Говорот на девојчето, кој го одржа со солзи во очите, пред членовите на Собранието, стотиците граѓани, нејзиното семејство и другарите, наиде на широка застапеност во медиумите во САД.

„Не треба да бидеме принудени да протестираме затоа што погрешно се однесувате кон нас. Ова го правиме, затоа што мораме и имаме право на тоа. Ние сме народ со црна боја на кожата и вака и треба да се чувствуваме. Срамно е тоа што нашите родители умираат вака, а ние нема да ги видиме повеќе. Срамно е тоа што мораме да одиме на гробишта да ги посетуваме“.

Мајката на девојчето, Прешс Олифант, подоцна во својата изјава рече дека нејзината ќерка не била подготвена за еден ваков говор и дека ова се случило без никаков план.

Обвинителката на Калифорнија и кандидат за член во Сенатот од Демократската партија на САД, Камала Харис, споделувајќи го говорот на девојчето на една од социјалните мрежи напиша: „Не можете да го гледате ова видео без да ви се расплаче срцето. Зиана, овој говор покажува дека си многу храбра“.

Афроамериканецот Скот (43), кој беше застрелан од полицаец, е татко на 7 деца. Полицаецот кој го застрела тврдеше дека тој е вооружен, меѓутоа, досега во сите три објавени видеа се гледа дека тој воопшто не носи оружје.

– Апел за оставка –

Демонстрантите, кои организираа протест поради ова насилство во Шарлот, побараа оставки од градоначалникот Џенифер Робертс, директорот на полицијата Кер Патни и членовите на Собранието.

Жителите на Шарлот и активистите на здружението „ Животот на црните е вреден” (Black Lives Matter), по убиството на Скот, секој ден протестирајќи на улиците бараа оставки.

По зачестените протести на здружението со транспаренти ’правда и слобода’, гувернерот прогласи вонредна состојба со цел овие протести да не преминат во насилни.

Во последните две години, по зачестените насилства врз Афроамериканците од страна на полицијата, посебно во Њујорк, Балтимор, Чикаго и Фергусон, движењето на Здружението „Животот на црните е вреден“ се шири низ целата држава, отворајќи пат за демонстрации против расизмот.