Жолтите комбиња станаа дронови, шилото стана црвче Мицкоски кажува лаги

Сподели

Одговор на новинарско прашање на претседателот Венко Филипче

Немоќта на Христијан Мицкоски да се справи со водењето на државата, ги затскрива со измислени состојби и лаги. Претседателот на СДСМ, Венко Филипче на денешната прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање за наводно следење со дронови на Мицкоски кога бил лидер на опозиција, ја потести јавноста за серијата измислени ситуации пласирано во јавноста од сегашниот премиер.

„Лагите на премиерот еволуираат во зависност од тоа како еволуира технологијата. Во еден дел жолтите комбиња еве станаа дронови, во друг дел видовме на собраниската седница шилото, стана црвче. Премиерот откога е на функција, како да живее во некој паралелен Универзум, некои работи само тој ги гледа. Имаше некое мито за Коридорот, железничките кое само тој го виде, имаше дестабилизација, па сега нема. Па беше Бехтел и Енка скандалозно коруптивен проект на кој што сега се сликаат и повикуваат на промоција“-изјави Венко Филипче.

На собраниска седница, Мицкоски одбегнувајќи да одговори на пратеничко прашање на претседателот на СДСМ, Филипче поврзано со скандалозното назначување на Бојан Христовски за директор на АНБ, рече дека кога било ВМРО ДПМНЕ во опозиција, безбедносните го следеле со дронови. Познатата теза на претходникот на Мицкоски, Груевски „вистината е како шило“, сега Мицкоски ја преиначи во „вистината е како црвче“. Кога беше во опозиција Христијан Мицкоски велеше дека договорот со „Бехтел и Енка“ е историски криминал, за пред некој дена да каже дека е супер проект. Премиерот пред неколку месеци говореше и дека за Коридорот 8, секција 3 за железницата, му понудиле мито, но и од тој случај не излезе ништо на видело. Мицкоски исто така гледаше и најавуваше опасност од дестабилизација.

„Би рекол дека тој измамнички пристап е карактеристичен само за луѓе кои што не можат да се носат со функцијата и бегаат во лага тогаш кога имаат сериозен предизвик и не може да изреагираат, немаат што да направат“-изјави Филипче, претседател на СДСМ.