ЖРК Вардар ги започна подготовките за новата сезона

Сподели

ЖРК Вардар ги започна подготовките за новата натпреварувачка сезона 2016/17.

жрк вардар

На стартот вардарки ќе тренираат во Скопје, кога ќе бидат извршени и медицинските прегледи, а потоа следува делот од подготовките во Словенија.

Подготовките црвени црните ракометарки ќе ги започнат во некомплетен состав бидејќи шест ракометарки се учеснички на Олимписките игри во Рио кои стартуваат утре.

Со екипата се две од петте нови ракометарки на македонскиот првак, словенката Тамара Мавсар и Белорусинката Дијана Илина, а другите три ракометарки, Камила Херем, Мајса Песоа и Александра Лакрабере ќе се приклучат на крајот од месецов по завршувањето на Олимписките игри во Рио.

Под водство на тренерот Индира Кастратовиќ ќе се тренира до 6 август во Скопје кога се заминува за Словенија, каде ЖРК Вардар ќе има настап на 13-тото издание на меѓународниот турнир „Винко Кандија“, каде учеснички се екипите на Крим, Подравка и Хипо.

The post ЖРК Вардар ги започна подготовките за новата сезона appeared first on Спорти.


Source: Sporty