Танчарите со Даунов синдром од танцовото студио „Dancers United MK“ го освоија првото место во пара-категорија на Светското првенство во Киелце, Полска за хип-хоп танци.
„Браво за нашата пара денс репрезентација. Честитки за шампионите за освоеното прво место на Светското првенство во Полска, во категоријата Para Dance групи. Браво за Dancers United MK. Горди сме на вас!“, порачаа од Македонска асоцијација за модерни танци (MAMT).
Екипата која го освои златниот медал е составена од Ана Беќароска, Моника Бисовска, Ена Митревска, Александар Матовски, Оливер Блажевски, Христијан Стојанов и Дарко Ефтимовски. Нивни тренери се Сара Кочан, Нермин Кочан и Виолета Балшевска.
Танчaрите со даунов синдром веќе пет години рушат бариери и освојуваат европски и светски медали во различни категории. Тие ги држат титулите Европски шампиони во латино шоу јуниори, а тие се и европски шампиони во повеќе пара категории освоени годинава во мај.