Златни денови Кратово 2023 викендов на малите екрани

Сподели

 

Традиционалната музичка манифестација, Златни денови Кратово, препознатлива по тоа што секогаш ги собира на едно место едни од најпопуларните и најомилените македонски и балкански музички ѕвезди, оваа година на почетокот на месец јули, го приреди можеби најдоброто издание досега.

Со богата музичка програма, голем број на македонски забавни и фолк изведувачи, во вистинско светло доловија автентична македонска приказна, којашто 7ми и 8ми јули ги претворија во денови за паметење.

 

 

Позитивните впечатоци и импресиите, коишто се сѐ уште присутни кај кратовчани, посетителите од другите градови и регионот, а и самите изведувачи, се доказ за одличната атмосфера, којашто го разубави летото во еден од најстарите македонски градови, Кратово.

Миксот на македонската народна и забавна музика, ги шармираше сите посетители на овој настан, кои заедно со музичките изведувачи ги пееја најпознатите македонски песни до доцните часови.

 

 

Познатите музички ѕвезди, Ламбе Алабаковски, Нокаут, Суперхикс, Некст Тајм, ДЈ Ерик Фокс, Мераклиите од Мерак Меана – Благица Павловска, Јордан Митев, Елена Андоновска, Душко Георгиевски, Оркестар Скопски Боеми, Ленче и Горан Кукиќ и Елена Андоновска, подготвија забава за паметење, за којашто уште долго ќе се зборува во градот под кулите и мостовите.

Оваа сабота и недела со почеток во 21:15 часот, гледачите на Сител телевизија ќе можат да се уверат и да уживаат во прекрасната изведба на најубавите македонски хитови, омилени кај сите генерации.