Во Бања Лука се одржа втората конференција на Балканската Асоцијација на Медицински Сестри (БАМС) кадешто учествуваа земјите од регионот, заедно со претставници од ресорните министерства за здравство и образование. Темата на овогодинешната конфереција гласеше: „Нашиот пат кон Европската Унија“.
Во владата на Р.Српска со интонирање на македонската химна и во присуство на претставниците од ресорните министерства на БиХ, Р.Српска, Р.Србија, Словенија и Р.С.Македонија, ЗМСТАС-ЗА НАС потпиша меморандум со што стана полноправен член на БАМС.
„Ова е голем успех за нашето современо сестринство и голем исчекор на патот за ЕУ каде професијата на медицинските сестри е една од седумте регулирани професии со европска директива!“ – изјавуваат од извршниот одбор на Унијата.