ЗНМ БАРА ОСЛОБОДУВАЊЕ НА НОВИНАРОТ ЗОРАН БОЖИНОВСКИ

Сподели

14045112_10154602919033254_235158863_o-1024x576

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) денеска побара од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција да го повлече обвинението против новинарот Зоран Божиновски.

-Четири месеци откако новинарот Зоран Божиновски е екстрадиран од Србија, како еден од осомничените од случајот Шпион. Тогаш кажавме дека неговото апсење е политички мотивирано со цел да се затвори устата на еден новинар, кој има храброст да објавува скандали за власта.

Ги потсетуваме македонските власти дека Европскиот суд за човекови права од Стразбург во неговите пресуди има констатирано дека затвoрање на новинари се смета за непропорционална мерка, освен ако се работи за дела поврзани за тероризам и говор на омраза. Судот смета дека притвор на новинари за други дела влијае негативно врз слободата на изразувањето и слободата на медиумите.

Македонија како членка на Советот на Европа и потписник на Европската конвецнија за човекови права и слободи има обврска да ги почиитува пресудите на Европскиот суд.  Во спротивно, Македонија грубо ги прекршува превземенети меѓународни обврски и со тоа го нарушува нејзиниот углед во Европа.

Бараме од Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција да го повлече обвинението против Божиновски и да не се инволвира во политички монтиран процес, од кој ќе има далекусежни последици. Се загрозуваат човековите права и слободи на новинар,  а штети се предизвикуваат и врз слободата на медиумите и довербата на јавноста во работата на обвинителството и судството, стои во соопштението на ЗНМ.