ЗНМ ги додели наградите за животно дело и истражувачки стории

Сподели

Здружението на новинари на Македонија, на прославата на својот 71 роденден, ги додели наградите за животно дело и истражувачко новинарство.

Фоторепортерот Ѓорѓи Личовски е добитник на наградата за животно дело „Крсте Петков Мисирков“, што секоја година ја доделува Здружението на новинари во Македонија.

Владо Апостолов од БИРН е добитник на наградата „Јашар Еребара“ за истражувачо новинарство за серијалот текстови „Досие Здравев“, односно за имотите кои се поврзуваат со Владимир Здравев, поранешен претседавач на Советот во општина Центар и директор на МЕПСО, а денешен член на Одборот на директори на Македонски телеком во кој државата поседува третина од акциите.

Специјална награда од ЗНМ доби Мефаил Исмаили од телевизијата „Шења“.