Претседателот на СДСМ и носител на кандидатската листа во изборната единица 4, Зоран Заев, денеска гласаше на гласачкото место 1730 во СОУ „Никола Вапцаров“ во Струмица.
По гласањето, тој изјави дека денеска е историски ден за граѓаните на Македонија, бидејќи избираат живот и иднина во својата земја.
– Граѓаните гласаат за напредна, слободна и единствена Македонија, а прв чекор до тоа е слободно изразената волја на граѓаните – додаде Заев.