Ги повикувам граѓаните да не подлегнуваат на никакви провокации, да останеме смирени, на линија на демократските процеси кои водат кон формирање реформска влада, изјави лидерот на СДСМ Зоран Заев, во вечерашното обраќање
-Иванов со одлуката да не го додели мандатот изврши државен удар. Иванов ја внесува Македонија во длабока криза со несогледливи последици. Тој ја негира мнозинската волја на граѓаните и 67 потписи и спречува легален и легитимен трансфер на власта. Иванов уште еднаш се стави во улога на заштитиник на Никола Груевски и групата околу него. СДСМ и јас нема да дозоволиме никој да си игра со иднината на државата за лични политички и криминални цели, рече лидерот на СДСМ Зоран Заев по одлуката на Ѓорге Иванов да не го даде мандатот.
Тој порача дека Иванов мора да ја повлече одлуката и веднаш да го додели мандатот, на што, нагласи, го обврзува Уставот.
Има решение и за оваа состојба, но трезвеноста и мудроста на народот не донесе до промена на режим со пенкало и така треба да прдолжиме. Со трезвени и мудри глави, полека, чекор по чекор, ќе дојдеме до демократска Македонија, рече Заев.
Сакам јавно да порачам, СДСМ и јас како претседател нема да дозволиме никој да си игра со иднината на државата за лични, политички и криминални цели“, рече Заев.