По денешната лидерска средба на која беше постигнат договор за избори на 11 декември, лидерот на СДСМ Зоран Заев со порака: “Денеска режимот на Никола Груевски заминува во историјата и Македонија зачекорува кон подобра иднина”.
– “Се изборивме граѓаните на Македонија слободно да гласаат. Времето на изборно насилство и фалсификување на волјата на граѓаните заврши со тоа заврши и времето на режимот на Груевски. На 11 декември ќе ги поразиме сиромаштијата, криминалот корупцијата етничките поделби, омразата. Ќе ги поразиме нарачаните судски процеси, хајките, партизацијата на институциите, мафијата. Мора да ставиме крај и на иселувањето на младите луѓе. Почитувани граѓани ве повикувам на масовна мобилизација, сите граѓани за победа на Македонија. Овие избори се референдум, граѓаните ќе бираат дали сакаат да живеат во осиромашена и криминална држава на Груевски и фамилијата или во богата и правна држава на сите граѓани. Го предупредуваме Груевски да не помислуваат да го прекршат договореното и да ја заложат Македонија за да си купат уште некој ден слобода. Од правдата нема бегање. Сите знаат под чиј диктат работи Уставниот суд. На уривањето на Специјалното јавно обвинителство жестоко ќе одговориме. Да не се дрзне некој да посегне по Специјалното јавно обвинителство кое е искра на правда” – рече Заев.