На митингот на СДСМ и на Коалицијата за живот во Македонија во Валандово, лидерот на опозицијата, Зоран Заев, на граѓаните им порача „да не се плашат од злосторничката банда на Груевски и да се вклучат во борбата за живот“.
Посебно им се обрати на луѓето од ВМРО-ДПМНЕ и им порача дека тие не се виновни, туку само неколкумина од врвот на партијата.
Тој и од митингот во Валандово го повика Груевски да не се плаши, да излезе на дуел и очи в очи да разговараат за економијата, за младите и за вистината во Македонија.
Заев пред валандoвчани вети дека „Планот за живот“ ќе биде учебник за секој член на идната власт која гарантира достоинствен живот за сите во Македонија.
Опозицијата вечерва одржа митинг и во Гевгелија, од каде што Заев порача дека на секој што се заканува и го поткупува народот, му следува казна затвор од пет години и секој што тоа го правел, ќе одговара по 11 декември.