Денес, ете – се смеев…Сите мислеа: Од среќа се смее!!!…А мене устата ми дојде до уши, стомакот ме болеше од смеа…Си помислив – луда ли сум штом на сите маки толку силно се смеам?…Ама, денес, ете се смеев…до солзи… Но, му се смеев на човекот, на себе си…Се смеев со солзи в`oчи…
Вусушност, плачев од тага, за сите оние нешта кои човекот го прават вистински човек, ама толку избледеле што неможеш ниту да насетиш што има зад нив…
Посакав да (к)рикнам:
– Вратете му ја на човекот душата негова, гордоста создавана низ поколенија, вратете му го неговото достоинство, но и вербата дека може да биде еден од оние кому границите нема да му бидат ниту пречка, ниту застој во нивните идеи и визии !!!
Зошто ли човекот се откажал од потрагата за добробит на целото човештво? Зошто секогаш ние/вие/тие сме/сте/се ко сирачиња мали исплашени и настрана оставени? Што и кој толку го исплашиле човекот да гледа напред? Вратете му ја на човекот љубовта, грижата за другите, разбирањето меѓусебно и почитувањето на личноста. Доста е веќе да се затвораме во стрипувани модели и излитени создавани истории времено според одредена група на луѓе кои сеуште мислат дека можат да им стават превез на младите за да не ја отворат вратата и излезат од овие стереотипи на одредени (застарени) “властодржци”…
– Зошто човекот се откажал од виделината по себе? Зошто дозволивме за човекот секој од нас да рече: СИРОТИОТ ТОЈ… Зошто? Зарем ќе дозволиме да исчезне човековиот род онаков каков што беше создаден на светот, нова надеж и нова реалност да му даде?… Се уморил одамна и Диоген да бара човеци…Се уморивме најверојатно и сите ние да веруваме дека ги има…
Реалноста боли со изобличена болка што само илузии ја трпат и лечат…а, сепак, мора да веруваме дека човекот на човек достоен ќе му погледне в очи еден ден трезвено за секој сторен подвиг, нo, во поинакви услови од минатодецениските и нема да се плаши од новите предизвици, нема да се срами дека некој од своите изневерил…нема да се кае за патот што го избрал…
Ќе има ли кој во кого да му погледне во очи, достоинствено и гордо и да биде спокоен дека бил еден од оние кои им дале достојна шанса на човеците во нашата Македонија? Ќе има ли?!?Или ќе мислиме дека секој од нас е ко паднат од небо…
Фб статус, Соња Р. Јовановски