Звиздиќ и Заев ja потпишаа Повелбата на мирот во Мостар

Сподели

По повод 13. годишнина на обнова на Стариот мост во Мостар вечерва во заштитената зона на УНЕСКО е приредена пригодна свеченост. Со скок од Стариот мост и звуците на песната Емина, претседавачот на Советот на министри на БиХ Денис Звиздиќ и премиерот на Република Македонија Зоран Заев од обновениот мост во Неретва фрлија цвеќе и со тоа започна свеченоста, за време на која двацата државници ја потпишаа Повелбата на мирот, јавува Anadolu Agency (AA).

Претседавачот на Советот на министри на БиХ Денис Звиздиќ вечерва му ја врачи Повелбата на мирот на премиерот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, како благодарност за придонесот за воспоставување на регионална соработка.

„Ни претставува задоволство што вечерва сме во Мостар, градот кој веќе со векови претставува место на средби на луѓе од различни религии, различни светогледи, место на вистински соживот кој и покрај неволјите низ кои помина овој град успеа да го сочува тој мултиетнички карактер и да биде клучен симбол за целата БиХ и за иднината која сакаме да ја градиме во БиХ”, рече Звиздиќ.

„Најважен сибол на сето тоа е овој преубав мост, овој архитектонски бисер, кој има трајна симболика на поврзување на луѓето”, заклучи Звиздиќ.

Премиерот на Република Македонија Зоран Заев изрази задоволство што е повикан во Мостар, кој го смета за посебен, а особено што ова е негово прво доаѓање во градот на Неретва и што е дел од манифестацијата на Стариот мост.

„Ова што го гледам ние го учевме во нашите училишта и го читавме во весници, и навистина сум радосен што имам можност да бидам гостин на овој историски мост, мост кој има повеќе историски вредности од самиот мост и од самиот Мостар. Тој испраќа порака на мир, меѓурелигиска и меѓуетничка соработка во регионот и подобра иднина за сите, нешто што допира длабоко во срце”, рече Заев.

Повелбата е потписана и врачена во рамките на традиционалната свеченост на одбележување на годишнината на отворање на обновениот Стар мост, одржава во организација на Центарот за мир и мултиетничка соработка од Мостар.

Во рамките на манифстацијата доделени се меѓународните награди “Mostar Peace Connection” на истакнати поединци за придонесот за мир и воспоставување на доверба и соработка меѓу лугето.

Овогодишни лауреати на меѓународните признанија се Роберт Гелбард, американски дипломат и поранешен претставник на американскиот претседател Бил Клинтон за Балкан, Кристин Пуртман, поранешен директор на Светска банка кој во има на таа институција го втемели глобалното партнерство со градот Мостар и УНЕСКО во градење на Стариот мост како споменик на мирот.

Добитници оваа година се и Џереми Бовен, репорер на Би-Би-Си (BBC) и постхупно, Роберт Фровик и Тадеуж Мазовиецки.

На одбележувањето на годишнината присуствуваа бројни домашни и меѓународни функционери кои од Стариот мост со симболично фрлање цвеќе во реката Неретва оддадоа почест на сите жртви на војната во БиХ, после што се упатија во посета на Коски Мехмед пашината џамија.