„10 Минути“ со Борче Давитковски: Македонија е во тешка уставна и политичка криза

Сподели

Македонија западна во голема уставна и политичка криза поради пречекорувањето на роковите за распишување на локалните избори, смета универзитетскиот професор Борче Давитковски. Тој во гостувањето во емисијата „10 минути“ изјави дека по сила на Изборниот законик, претседателот на Собранието е тој кој ги распишува локалните избори. Сепак, според него доколку наскоро се конституира Собранието, можно е по сила на Изборниот законик мандатот на градоначалниците и советниците да биде продолжен.

 

„По сила на Изборниот законик е предвидено претседателот на Собранието да ги распише локалните избори. Мислам дека ние ќе дојдеме во пат-вакум ситуација каде што ќе имаме градоначалници со истечен мандат и совети со истечен мандат. Според мене, по 20 март ние нема да имаме повеќе локална самоуправа, односно четврта власт во државата“,изјави универзитетскиот професор Борче Давитковски.

извор: тв21