ВМРО-Народна партија ја анализираше најновата и изменета верзија на „францускиот предлог“, и оценува дека во него нема ништо што го загрозува македонскиот јазик и идентитет, се наведува во соопштението на партијата.
ВМРО-Народна партија ги повикува сите критичари на „францускиот предлог“ да не го прават тоа со кампањско отфрлање на целиот предлог туку да ја конкретизираат својата критика, кој член или кој став од предлогот сметаат дека го нарушува македонскиот идентитет.
Доколку, отсуствуа таквата критика ќе сметаме дека кампањски пристапуваат кон текстот, а немаат никаква суштинска забелешка.
ВМРО-Народна партија не може, а да не го коментира однесувањето на поранешниот министер за надворешни работи Никола Димитров кој директно учествуваше во потпишувањето на договорот со соседна Бугарија и состави недоречен договор кој до ден денеска ни прави проблеми.
Исто така комплетно го преспа периодот пред донесувањето на „рамковната позиција“ во бугарскиот парламент, а само една негова посета на соседна Софија ќе беше доволна таа рамковна позиција да не биде воопшто ни усвоена.
Затоа сметаме дека во овој момент имаме најмалку потреба од квазипатриотско однесување, туку имаме потреба од државнички однос на сите оние кои се повикани да бидат одговорни за иднината на македонската држава.