АРТИЧОК – Зелена роза на животот

Сподели

artichokehollandaise_3

Зелената роза на животот е наречена артичок и потекнува од семејството Asteraceae. Расте во јужниот дел на Европа, Медитеранот и на Канарските Острови.

Отсекогаш ценето растение и се одгледува во четириесет видови.

  • Артичокоте едно од најстарите растение користени од Старите Грци и Римјани како афродизијак или средство за добивање на машки потомци.
  • Најпознатиот обожавателка на артичокот Катарина Де Медичи, ги запознала французите со него, кои му го дадоа епитетот врвен деликатес и почнаа  нашироко да го произведуваат.
  • Во триесеттите години од минатиот век Њујоршките мафијаши имале апсолутен монопол врз пазарот со артичок, па  затоа градоначалникот го забранил.

Состав и терапевтски својства на артичокот

Артичокот е добар извор на

  • фолна киселина
  • витамин Ц, К и Б.
  • минералите: бакар, калциум, железо, калиум, магнезиум и фосфор.
  • антиоксидансите : цинарин, силимарин, кофеинска и ферулична киселина, помала количина на бета каротен, лутеин и зеаксантин

Свежиот артичок е одлична храна за време на зачнувањето и планирање на бременоста поради изобилството на фолна киселина, која го спречува нарушувањето на невралната туба кај фетусот.

artichokes

Артичокот може да помогне во лекувањето на:

  • црниот дроб и бубрезите
  • дијабетес
  • дебелината
  • болести на срцето и крвните садови
  • варење
  • камен на жолчката
  • жолтица
  • гихт
  • уртикарија
  • ревматизам
  • астма
  • егзема
  • алергии

Артичокот е чувар на вашето срце

Артичокот ефикасно го намалува лошиот холестерол и го зголемува добриот холестерол. За разлика од лековите, од групата на статини , артичокот не ја намалува синтезата на холестеролот, туку го зголемува неговото разградување.

Цинатин и сесквитерпен –  лактон од артичокот се одговорни за неговите корисни ефекти врз срцето и крвните садови. Тие ги спречуваат заболувањата на крвните садови, ангина пекторис, миокарден инфаркт и мозочен удар.

Природен лек за камења во жолчката

Екстрактот од листовите на артичокот ја стимулира жолчката, која е  клучна за разложување на мастите и холестеролот, кои инаку доведуваат до создавање на жолчни камења. Цинатинот од артичокот е толку ефективен така што во некои европски земји се користи како дел од третманот за жолчни камења.

Екстрактот од артичок има исклучително корисен ефект врз здравјето на црниот дроб и помага на следниве начини:

artishok

АРТИЧОК ВО КУЈНАТА

Артичокот е многу популарен низ Европа. Најчесто се подготвува како пржен, на скара, сам или со зеленчук, грав или тестенини. Сиров не се јаде, бидејќи е тешко сварлив. Главниот дел што се јаде е срцето на артичокот, додека младите плодови може да се јадат цели, а кај зрелите се отстрануваат тврдите лисја и врвот на стеблото.

Тинктура од артичок

  • 400 до 500 грама листови од артичок се оставаат да стојат една до две недели во еден литар алкохол.
  • Исцедете го и пијте една до две лажици дневно.

Чај од артичок

Неколку листови од артичок прелијте ги со половина литар врела вода, оставете ги 15 минути, потоа исцедете и испијте го. Делува слично како и сувиот екстракт од лисјата на артичокот.

Артичока со млад грав

Состојки

  • половина килограм млад грав
  • десет артичоки
  • половина главица лук
  • маслиново масло
  • магдонос
  • трошки

Подготовка

  • Потопете го артичокот час и половина во вода за да ја загуби својата горчина. Направете компактна смеса од грав, лук, магдонос, маслиново масло и лебни трошки. Додајте сол и бибер по вкус.
  • Наполнете ги артичоките со оваа мешавина, ставете ги во тава свртени нагоре, истурете маслиново масло, истурете вода до работ на артичоките, додадете сол, бибер и  магдонос.
  • Покријте ги и ставете ги да зовријат и  да крчкаат на тивок оган околу  час и половина.