Во периодот од 01.01.2024 до 31.01.2024 Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на РС Македонија за санкционирање на неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата.
При контролата санкционирани се 106 учесници во сообраќајот. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.
МВР апелира сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.