11 граѓани од дијаспората до денеска се пријавиле за гласање на изборите

Сподели

dik-1-860x680

До денеска, заклучно до 14 часот, вкупно 11 македонски државјани кои живеат во странство се пријавиле за гласање на изборите на 11 декември во дипломатско-конзуларните преставништва на земјава, преку апликацијата поставена на интернет-страницата на Државната изборна комисија (ДИК), соопштија денеска од Комисијата.

Од пријавите, како што информираат од ДИК, 10 биле прифатени, а една пријава е во фаза на обработка.

„Државната изборна комисија Ве известува дека во тек е пријавувањето за гласање за предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Македонија, во дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија во странство односно конзуларните канцеларии. Заклучно со 22 октомври 2016 година, до 14 часот, можноста за пријавување преку електронската апликација ставена во интернет-страницата на Државната изборна комисија, ја искористиле вкупно 11 граѓани на Република Македонија, од кои 10 пријави се прифатени, додека 1 пријава е во фаза на обработка.

Пријавувањето на дијаспората за гласање почна на 19 октомври, еден ден откако претседателот на Собранието Трајко Вељаноски ја потпиша одлуката за распишување на предвремените парламентарни избори, и ќе трае до 11 ноември.

meta.mk