Државниот Архив е изворно сведоштво за постоењето на секоја држава и народ

Сподели

 

На 1 април, 1951 година, со указ на Собранието на Народна Република Македонија, институционално е создаден Државниот архив, што се одбележува и како ден на сите архивски работници.
 
Чинот на основање на Државниот архив претставува еден од најзначајните настани во нашата понова историја, зашто Архивот претставува изворно сведоштво за постоењето и континуитетот на секоја држава и народ, поточно потврда на нивниот идентитет.
 
Во рамките на Државниот архив има девет Одделенија, и тоа во Скопје, Охрид, Битола, Прилеп, Куманово, Велес, Штип, Струмица и Тетово, кои се формирани во периодот од 1951 до 1962 година.
 
Државниот архив денес е современа архивска институција со статус и ингеренции на владин управен орган, со околу 280 вработени лица.
Една од суштинските цели на Државниот архив на Република Северна Македонија е да го презема и трајно да го чува јавниот архивски материјал и да обезбедува услови за негово непречено и транспарентно користење.
 
Државниот архив поседува над осум илјади архивски фондови, околу 70 илјади архивски книги, приближно 400 збирки, обемен микрофилмуван архивски материјал, а интензивно се работи и врз дигитализацијата на приоритетните историски фондови. Најстариот документ што се чува во Архивот потекнува од 12 век, а тоа е Евангелието на Св. Апостол Лука.