Претседателот на Собранието Талат Џафери на сите припадници на православната вероисповед, упатува искрени честитки по повод големиот христијански празник, Христовото раѓање – Божиќ, со желби празникот повторно да ги собере околу себе семејствата, пријателите, соседите и познаниците за дружење, споделување среќни мигови и заедничка трпеза.
“Почитувани граѓани, припадници на православната вероисповед,
Дозволете од име на пратениците во Собранието на РС Македонија и од свое лично име, да Ви упатам искрени честитки по повод големиот христијански празник, Христовото раѓање – Божиќ, со желби празникот повторно да ги собере околу себе семејствата, пријателите, соседите и познаниците за дружење, споделување среќни мигови и заедничка трпеза.
Нека празникот, со сето свое волшепство рефлектира топлина во овие зимски денови, нека ги грее срцата со човештво, солидарност, взаемна почит и разбирање меѓу сите граѓани, и меѓу оние што го слават овој голем празник, и меѓу оние што изразуваат почит кон него. Важно е да се споделува благородна мисла, убава желба и топла прегратка. Сите имаме потреба од зборови на поддршка кои даваат мир и спокој во душата и домовите, кои даваат надеж и верба во подобро утре и кои влеваат оптимизам дека новата година ќе донесе убави и позитивни вести за нашата земја. Да се сплотиме, да бидеме креатори на сигурната иднина за нашата младина, за нашата земја! Предизвиците кои стојат пред нас можеме да ги надминеме само заедно и единствени, со јасна цел пред себе. Само тогаш е гарантиран успехот и постигнувањето на зацртаните определби, на успешна, напредна и европска Република Северна Македонија!
Бидете живи, здрави и спокојни! Среќни Божиќни празници!”