13 партии се заложија за ХИВ-превенција и поддршка на ризичните групи

Сподели

Вкупно 13 политички партии вчера ја поддржаа Декларацијата за одржлив национален одговор кон ХИВ и дадоа јавна заложба за преземање приоритени акции за обезбедување континуитет и одржливост на програмите за превенција и поддршка за овој вирус наменети за групите под особен ризик, информираа од Платформата за одржливост на сервисите за превенција и поддршка за ХИВ.

„Политичките партии, се обврзаа, преку пратениците во новиот парламентарен состав, односно преку претставниците во извршната власт, по парламентарните избори на 11 декември 2016 година, да иницираат и поддржат: Обезбедување финансиски средства од националниот буџет, врз основа на докази и методолошки прецизни проценки и анализи, со кои ќе се осигура одржливоста на основите превентивни програми за превенција и поддршка од ХИВ за групите под особен ризик од ХИВ и подготовка и усвојување на законски и/или подзаконски ефективни механизми со коишто ќе се обезбеди долгорочно и одржливо државно финансирање на програмите за ХИВ за социјално исклучените граѓани и групите под особен ризик од ХИВ“, информираат од Платформата.

deklaracija-hiv-2

Декларација за одржлив национален одговор кон ХИВ ја поддржаа Демократска обнова за Македонија, Демократски сојуз, Движење за реформи ДПА, Достоинство, Левица, Либерална партија, Либерал демократска партија, Нова социјалдемократска партија, Партија за европска еднина, Партија за целосна еманципација на Ромите, Социјалдемократски сојуз на Македонија, УНИТЕТИ и ФРОДЕМ.

Декларацијата беше потпишана на Тркалезната маса на тема – Обезбедување на одржливост на програмите за превенција, грижа и поддршка за ХИВ, во организација на Х.Е.Р.А. и Платформата за одржливост на сервисите за превенција и поддршка на ХИВ.

radiomof.mk