“Како активистка за социјалната правда, би сакала да ви се обратам на 1 мај, денот на најголемиот дел од човештвото, оној кој што живее од трудот.
Денес, во Македонија социјалните и економските права се голи фрази и празни уставни декларации. Ние сме во тешка демократска криза, имаме хибриден режим, со неподносливата сиромаштија на најголемиот број граѓани, наспроти неколкуте проценти пребогата, збесната олигархија. Овој ден нека биде инспирација за сите нас, да не се откажеме од визијата за промени од темелот на општеството, па нагоре.
Ветувам дека ќе се борам не само за доследна примена на законите, туку и за нивна промена со прифаќање на највисоките стандарди во заштитата на работничките права. Ќе застанам зад барањата на работниците и ќе ги охрабрам и поддржам сите кои се борат за она што им припаѓа. Само ако се почитуваме себеси, може да очекуваме почит од другите.
Ве повикувам вас, почитувани граѓанки и граѓани на Република Македонија, заеднички да преземеме одговорност за враќање на нашата почит. Од Вашата самопочит и почитта за вашиот труд, зависи каква држава ќе стане Македонија!
ДА ЖИВЕЕ ПРВИ МАЈ!”
ИЗБОРИ 2024, Гордана Силјановска Давкова