Дресот на Леброн Џејмс во кој со Мајами ја освои титулата во НБА во 2013 година беше продаден синоќа на аукција во Њујорк за 3,7 милиони долари, со што стана трет најскап дрес досега продаден на Сотби.
Мајами до шампионскиот прстен стигна по победата против Сан Антонио во седмиот, решавачки натпревар, а Џејмс на тој меч постигна 37 поени со 12 скока.
Со постигнатата цена дресот на Џејмс од тој натпревар се уште не е најскапиот што е продаден.
Највисока цена постигна дресот на Мајкл Џордан од финалето на НБА во 1998 година, кој беше продаден за 10,91 милиони долари, како и дресот што го носеше Диего Марадона на Светското првенство во 1986 година, продаден за 9,28 милиони долари.
The post (ФОТО) Дресот на Леброн Џејмс продаден за 3.7 милиони долари – Сепак не е најскап, два великана се пред него! first appeared on .
Powered by WPeMatico