Ердоган: Без оглед на исходот, гласањето во ЕП нема вредност за нас

Сподели

erdogan

ИСТАНБУЛ (АА) – Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, денес изјави дека утрешното гласање во Европскиот парламент за прекин на преговорите за пристапување на Турција во Европската Унија немаат вредност за Турција, јавува Anadolu Agency (AA).

„Утре ќе се одржи состанок во Европскиот парламент, на кој ќе се гласа во врска со преговорите за пристап на Турција кон ЕУ… Каков и да биде резултатот, овa гласaње нема вредност за нас“, изјави Ердоган на Самитот за исламска економска соработка во Истанбул.

„Ниедна вага не може да ја измери волјата на народот кој ги жртвуваше своите животи за независноста и демократијата за време на обидот за државен удар што се случи на 15 јули“, нагласи тој, зборувајќи за обидот за државен удар во кој загинаа 248 лица, а 2.200 беа повредени.

Ердоган се обрати на министерскиот состанок на постојаниот Комитет за трговска и економска соработка (COMCEC) при Организацијата за исламски конференции (OIC).

Турскиот лидер изјави дека стабилноста на Турција и идните битки нема да бидат спречени од гласањето со „да“ или „не“ на Европскиот парламент.

„Оваа нација ноќта на 15 јули му покажа на целиот свет дека може да го жртвува својот живот за слободата и достоинството, доколку тоа е потребно“, изјави тој.

Ердоган нагласи, и покрај тоа што гласањето на Европскиот парламент нема да биде обврзувачко за Турција, тој нема да ја прифати пораката која очигледно ќе биде испратена од ЕУ.

Претседателот Ердоган изјави дека и покрај тоа што вредностите на ЕУ ги почитуваат повеќе отколку многу други земји во блокот, Турција не видела вистинска поддршка од Западните земји.

Тој исто така ја обвини ЕУ дека се зазема на страната на терористичките организации со ова гласање.