19 пожарникари работеле синоќа на санирање на штети од невремето во Неготино

Сподели

 

Деветнаесет пожарникари со 5 противпожарни возила  и две пумпи за испумпување на вода работеле синоќа на санирање на штети од невремето што го погоди Неготино.

-Општина Неготино, од 16:10 до 16:30 часот, беше зафатена од  силен ветер и поројни врнежи од дожд, се направени штети, паднати дрва, кровови од куќи и гаражи, паднати бандери, паднати фолии на земјоделци и слично. За санирање на штети на терен биле ангажирани 13 пожарникари со три ПП возила од ТППЕ Неготино и шест пожарникари  со  2ПП возила и две пумпи за испумпување на вода од ТППЕ Кавадарци, информираат утрово од ЦУК. Од таму додаваат дека  екипите завршиле со работа до 23.00 часот.