Денеска во Александар Палас почна 20. конгрес на СДСМ. Во салата преполна со делегати заедно влегоа сегашниот претседател на СДСМ, Зоран Заев и поранешниот претседател на партијата, Бранко Црвенковски.
Делегатите според планираното денеска треба да дадат свое мислење и насоки за изборите кои ќе се одржат на 11 декември, за приоритетите на идната влада како и за коалициите што треба да ги создаде СДСМ пред изборите.
На конгресот од вкупно 728 делегати присуствуваат 539 делегати, или 74 проценти што значи дека може полноважно да работи и да одлучува.
На конгресот присуствуваат и Ричард Ховит, пратеник во ЕУ паралемнтот, Кен Хорстет пратеник од Кралството Шведска и Џакомо Филибек заменик на претседател на партијата на европските социјалисти.