200 саботи нахранети граѓани – Сподели храна, сподели среќа

Сподели

#ретвитниоброк од иницијатива прерасна во симбол на граѓанска солидарност, споделување храна со оние што немаат и остава печат во сегашноста дека со малку волја и континуиран труд, можни се промени!

Овој викенд се заокружуваат точно 200 саботи во кои неуморните ретвитниоброкџии, готват за бездомните и социјално загрозени лица и оброкот се дели во 13:30ч на платото на Мајка Тереза.
Со поддршката на Вистински Дела На Љубезност Real acts of kindness како и од безброј фирми, донатори, маркети, оваа иницијатива успева да се координира и да биде секогаш на висина на задачата.

Ве повикуваме и овој пат да донесете еден оброк како поддршка за сите овие 200 саботи, да споделите со оние што немаат. Затоа што секој оброк е важен!