204 санкции за непрописно вградени фолии и користење на флешери

Сподели

 

Во периодот од 01.10.2023 до 31.10.2023, Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на државата за санкционирање на неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата и неовластено вградување и користење на уреди за давање на посебни светлосни и звучни знаци во возилата.

При контролата санкционирани се 204 учесници во сообраќајот, од кои 202 за прекршокот на неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата и две санкции за неовластено вградување и користење за уреди за давање на посебни светлосни и звучни знаци во возилата. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

МВР апелира сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.