Министерството за труд и социјална политика соопштува дека 24 април 2024 година (среда) и 8 мај 2024 година (среда), се неработни денови за сите граѓани на Република Северна Македонија, поради одржување на изборите за избор на Претседател на Република Северна Македонија и изборите за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија и истите нема да се одработуваат.
Владата (на 14-та седница, одржана на 9 април) донесе заклучоци со коишто ги определи 24 април 2024 година (среда) и 8 мај 2024 година (среда), за неработни денови, за сите граѓани на територијата на Република Северна Македонија, а на работодавачите од приватниот сектор им препорача да ги спроведат овие заклучоци.