24 часовен МВР Билтен

Сподели

 

На 22.02.2024 околу 21.30 часот на улица „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода О.Ј.(24) и Н.С.(22) од тетовски Требош и малолетник од тетовско Слатино. При нивен и преглед на патничко возило „фолксваген голф“ со една тетовска и една скопска регистарска табличка,  во кое се превезувале, била пронајдена и одземена марихуана. Тројцата се задржани во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци.

Денеска (23.02.2024) околу 04.50 часот на улица „Панче Поповски“ во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 34-годишниот гостиварец Џ.Д. затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. Задржан е во Полициската станица Гостивар и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 22.02.2024 во СВР Куманово, Ш.Б.(55) од с.Отља, општина Липково, пријавил дека во населба Бедиње во Куманово, при извршување раотни задачи со работна машина на пат,   пронашол граната. Пиротехничар од Дирекцијата заштита и спасување ја подигнал гранатата и констатирал дека се работи за корозирана минофрлачка граната калибар 120 мм. Увид извршила екипа од СВР Куманово.

Во текот на вчерашниот ден (22.02.2024) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 201 возач. Од нив, 13 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 90 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 111 надвор од населено место.

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (22.02.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 153 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина девет санкции, девет мерки за возење без возачка дозвола, седум за користење мобилен телефон при управување, четири санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло…

На 22.02.2024 во 11.16 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул.„Никола Тесла“ во Битола, товарно возило „фолксваген“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.К.(60) од с.Сарај, скопско, удрило во М.Г.(83) од Битола. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Г., констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.

На 21.02.2024 во 19.00 часот во СВР Струмица било пријавено дека на крстосницата од ул.„Ѓорги Упчев“ и ул.„Мара Минанова“, четирицикл без регистарски ознаки, управуван од малолетник од Струмица, излетал надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник од Струмица, а со телесни повреди се здобил возачот констатирани во Општата болница Струмица. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Струмица.   

Денеска (23.02.2024) во 00.30 часот во Полициското одделение Петровец, З.А.(44) од Скопје пријавила дека во близина на Меѓународен аеродром Скопје бил каснат од куче скитник.  

На 22.02.2024 во 20.25 часот во Полициската станица Аеродром, Д.К.(50) од Скопје пријавил дека на бул.„Кузман Јосифоски Питу“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

На 22.02.2024 во 13.30 часот во Полициската станица Аеродром, Р.М.(78) од Скопје пријавил дека на ул.„Владимир Комаров“ во Скопје бил каснат од куче скитник.