На 13.08.2024 во 15.20 часот во Стар Дојран, полициски службеници од ОВР Гевгелија – Полициско одделение Нов Дојран го лишиле од слобода Т.А.(40) од Гевгелија. Тој се сомничи дека истиот ден извршил кражба во продажен објект во Стар Дојран, при што одзел пари. Т.А. бил приведен во полициска станица и со него бил извршен службен разговор. Кај него биле пронајдени одземените пари, а за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија. По целосно документирање на случајот, против Т.А. ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 13.08.2024 во продажен објект во Струга, при извршување на кривично дело „кражба“ била затекната С.К.(54) од Струга. Одземените производи се вратени на одговорното лице во објектот, а по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.Б.(49) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 14.04.2024 во Скопје, пријавениот физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против М.Т.(35) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 12.02.2024 во Скопје, пријавениот физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија.
На 13.08.2023 во 00.30 часот во с.Калково, валандовско, полициски службеници од ОВР Валандово го лишиле од слобода У.Ф.(23) од с.Калково поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со малолетно лице“ по член 197 од Кривичниот законик. Во неговиот дом била пронајдена М.Ј.(12) од Росоман, за која претходно нејзиниот татко пријавил дека се оддалечила од домот и заминала да живеее со У.Ф. во неговиот дом. Малолетничката била предадена на родителите и за настанот бил запознаен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.
Денеска (14.08.2024) во 00.10 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го привеле Ф.А.(24) од Скопје затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
СВР Штип поднесе кривична пријава против Т.А.(38) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“. На 03.05.2024, по претходна расправија, пријавениот физички го нападнал Б.Р. и му нанел тешка телесна повреда.
На 13.08.2024 во 20.00 часот на место викано „Рамно“, скопско, полициски службеници од СВР Скопје дале знак за запирање на товарно возило без регистарски ознаки натоварено со огревно дрво, но возилото продолжило со движење кон полициските службеници. Притоа, еден од полициските службеници испукал два предупредувачки куршуми во водух, по што со службеното возило тргнале по товарното возило. При движење, лице од товарното возило исфрлило дел од дрвата и го попречило патот на полициските службеници, по што товарното возило продолжило со движење кон с.Арачиново. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 13.08.2024 во 20.10 часот во Виница, полициски службеници од Полициската станица Виница го привеле П.Ј.(60) од с.Виничка Kршла затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Ф.Т.(53) од с.Трново поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“. На 12.08.2024, поради недоразбирање во сообраќајот, пријавениот физички ги нападнал А.И.(44) и неговата ќерка и се обидел со остар предмет да го повреди А.И..
На 13.08.2024 во 14.30 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ја пронашле С.Т.(15) од Скопје, за која претходно нејзиниот татко А.Т.(48) пријави дека се оддалечила од домот. Малолетничката била предадена на семејството.
На 13.08.2024 во 14.15 часот во СВР Скопје, Б.С.(18) од Скопје пријавил дека на 12.08.2024 околу 19.00 часот на подрачјето на општина Аеродром едно лице физички го нападнало, а потоа го снимало со телефон. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе следува соодветна пријава.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против С.Ј.(28) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“ и против И.Ј.(31) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување службено лице при вршење работи на безбедноста“. На подрачјето на Гази Баба, првопријавениот физички нападнал полициски службеници кои извршувале службени дејствија, додека второпријавената ги попречувала полициските службеници кои преземале мерки за приведување на првопријавениот.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против Е.И.(39) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 02.02.2024, пријавениот со патничко возило удрил полициски службеник кој извршувал службени дејствија.
На 13.08.2024 во 15.00 часот во СВР Скопје, А.М.(25) од с.Трубарево, скопско, пријавил дека околу 13.00 часот на подрачјето на Гази Баба бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 13.08.2024 во 03.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Центар во Скопје бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Д.С.(22) од Скопје и Џ.„Н„. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
СВР Велес поднесе кривична пријава против П.А.(37) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. На 22.04.2024 во Велес, пријавениот учествувал во сообраќајна несреќа со своето патничко возило „фолксваген пасат“ без да носи возачка дозвола, а на 25.04.2024 приложил фалсификувана бугарска возачка дозвола.
На 13.08.2024 во 12.30 часот во СВР Скопје, Б.И.(73) од Скопје пријавила дека околу 11.15 часот на подрачјето на Центар во Скопје, едно лице ѝ одзело личен накит. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Денеска (14.08.2024) околу 01.20 часот во Спортско рекреативниот центар Сарај, полициски службеници од СВР Скопје го пронашле починат И.Џ.(43) од Скопје. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.
СВР Штип поднесе кривична пријава против Д.К.(37) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. Во периодот од 19.07. до 22.07.2024, пријавениот преку социјалната мрежа испраќал пораки со заканувачка содржина на неговата поранешна сопруга.
Денеска (14.08.2024) во 02.30 часот во ОВР Берово, Р.М.(35) од Берово пријавила дека од домот се оддалечила нејзината малолетна ќерка А.М.(15). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
На 13.08.2024 во 12.40 часот, О.Д.(38) од Кичево во полициска станица пријавил дека на улицата „Санде Штерјоски“ во Кичево бил каснат од куче скитник.