24 часовен МВР Билтен

Сподели

 

Денеска (13.11.2023) во с.Орашец, кумановско, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции го лишиле од слобода И.И.(19) од с.Слупчане, липковско, бидејќи во возилото „фолскваген транспортер“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени 12 лица мигранти од Непал.  Имено, околу 02.20 часот на автопатот „Пријателство“, делница Табановце – Куманово, полициските службеници дале знак за запирање на возилото, но возачот не застанал и продолжил со движење, се исклучил од автопатот на регионалниот пат Куманово – Свети Николе и откако влегол во село Орашец навлегол во нива, по што излегол од возилото и се обидел да побегне. Набргу бил фатен, а во возилото биле пронајдени мигрантите. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 12.11.2023 во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица ги лишија од слобода Д.К.(20) и Џ.И.(25), двајцата од Струмица. Тие се сомничат дека на 11.11.2003 во Струмица со употреба на сила одзеле личен предмет од едно лице. Предметот е пронајден и вратен на сопственикот, а лицата се задржани во Полициска станица Струмица и за настанот е запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 11.11.2023 во 15.30 часот во Кавадарци, полициски службеници од Полициската станица Кавадарци го лишиja од слобода В.В.(32) од ОВР Кавадарци. Околу  15.20 часот на улица Ѓорѓи Соколов“ во Кавадарци, тој се обидел да отвори паркирано товарно возило, но бил забележан од сопственикот и набргу потоа е лишен од слобода. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 12.11.2023 во 18.50 часот на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.А.(29) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 13.11.2023 во 01.50 часот Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Б.Ѓ.(35) од Куманово затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка. По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.   

Секторот за внатрешни работи Битола во текот на викендот (10/11/12.11.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на СВР Битола санкционирани се 259 возачи, меѓу кои 78  мерки за возење повеќе од дозволената брзина, 52мерки за возење без возачка дозвола, 55 возачи за управување под дејство на алкохол…

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (12.11.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 230 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 102 санкции, 21 мерка за возење без возачка дозвола, 18 санкции за некористење сигурносен појас. Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон при возење, три санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), 13 санкции за возење под дејство на алкохол…

Во текот на вчерашниот ден (12.11.2023) во периодот од 16.00 до 21.00 часот Секторот за сообраќајни работи при Одделот за униформирана полиција Биро за јавна безбедност и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведоа акциска контрола на територијата на општина Сарај во Скопје, за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. При контролата санкционирани се 74 возачи, од кои 20 за возење без возачка дозвола, 14 санкции поради измината важност на сообраќајната дозвола, девет мерки за непрописно вградени фолии (затемнети стакла), три санкции за возење под дејство на алкохол… На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

На 12.11.2023 во 17.00 часот во Полициската станица Аеродром, С.Ј.(53) од Скопје пријавил дека на бул.„Јане Сандански“ бил каснат од куче скитник.         

На 12.11.2023 во 17.55 часот во Полициската станица Чаир, М.К.(40) од Скопје пријавил дека на ул.„Натаниел Кучевишки“ бил каснат од куче скитник.

На 12.11.2023 во 16.40 часот во ОВР Прилеп, Ж.Д.(57) од Прилеп пријавила дека на ул. „Димо Наредникот“ била касната од куче скитник.