24 часовен МВР БИЛТЕН

Сподели

 

Вчера, во 22 часот на ул.„Антон Попов“ во Скопје, полициски службеници од Оперативниот тим потраги при СВР Скопје и од Полициската станица Драчево го лишија од слобода Љ.С.(48) од Куманово. Тој бил баран по две централни потерници, врз основа на наредба од Казнено-поправната установа „Затвор Куманово“ за доиздржување 10 месеци затворска казна, а бил осуден на две години и 10 месеци за сторени кривични дела по член 236 и член 206 од Кривичниот законик и врз основа на наредба од Основниот кривичен суд Скопје за издржување на казната затвор од две години за сторено кривично дело по член 236 од Кривичниот законик. Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено поправна установа.

На 10.12.2023 во 17.30 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.С.(32) од с.Порој, тетовско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 10.12.2023 во 13.55 часот во с.Сарај, скопско, полициски службеници го лишиле од слобода С.К.(51) од с.Љубин, скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 10.12.2023 во 23.00 часот на улица „Партизанска“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го привеле Е.Ш.(43) од Охрид затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 09.12.2023 во 14.15 часот во СВР Охрид било пријавено дека на планинска патека во атарот на охридското село Орман била пронајдена граната. Полициски службеници извршиле увид и било констатирано дека се работи за артилериска граната М-57, која била безбедно подигната од стручни лица од Дирекцијата за заштита и спасување за натамошна постапка.

Во текот на вчерашниот ден (10.12.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 305 возачи. Од нив 17 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 208 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 97 надвор од населено место.

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (10.12.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 267 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 128 санкции, 12 мерки за возење без возачка дозвола, 31 меркa за некористење на сигурносен појас, седум санкции за управување под дејство на алкохол…

Во текот на вчерашниот ден (10.11.2023) во периодот од 16.00 до 21.00 часот Секторот за сообраќајни  работи  при Одделот за  униформирана полиција Биро за јавна безбедност и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведоа акциска контрола на територијата на општина Чучер Сандево во Скопје, за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.  При контролата санкционирани се 56 возачи, од кои 11 за возење без возачка дозвола, четири санкции поради измината важност на сообраќајната дозвола, осум мерки за возење под дејство на алкохол, две санкции за непрописно вградени фолии (затемнети стакла), две возила се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава… На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

На 10.12.2023 во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопат–обиколница на Град Скопје, кај с.Визбегово, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.И.(45) од с.Глумово, скопско и патничко моторно возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Н.(20) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото „пежо“, Ф.С.(46) од Скопје, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и уште еден сопатник од возилото „пежо“ Б.К.(24) од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „8 Септември“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.    

На 10.12.2023 во 09.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, Н.К.(32) од Скопје пријавил дека на ул.„Лука Геров“ бил каснат од куче скитник.

На 10.12.2023 во 10.00 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, К.К.(45) од Скопје пријавила дека на ул.„Лука Геров“ била касната од куче скитник.

На 10.12.2023 во 14.10 часот во Полициската станица Драчево, Ј.М.(36) од Скопје пријавил дека на ул.„Китка“ бил каснат од куче скитник.