По барањето на Кривичниот суд, судијката Добрила Кацарскадоби 24 часовна полициска заштита поради бројни закани по нејзиниот живот. Специјалци се ангажирани во заштита и на неколкумина други судии кои судат некои од случаите на СЈО.
Кацарска го води случајот „Тенк“ на Специјалното јавно обвинителство во кој изрече затворска казна за поранешниот премиер Никола Груевски и за екс помошник министер за внатрешни Ѓоко Поповски. Во овој случај е обвинета и поранешната министерка за внатрешни Гордана Јанкулоска
– “Имаме обврска за сите носители на јавни функции за кои ќе има барање или постои безбедносен ризик да обезбедиме заштитта на интегритетот и на личноста. Во овој случај врз основа на барање од Судот, а по проценка направена во службата, е доделено физичко обезбедување на судијката Добрила Кацарска”, изјави Спасовски.